Од 21 до 27 октомври, Скопје ќе биде домаќин на 13. издание на интернационалниот „Скупифестивал“. Претставите ќе се одржат во „Театар Комедија“ на чија сцена, покрај актери од Македонија, ќе се претстават и гости од Србија, Косово, Русија, Бугарија, Словенија, итн.

Првиот ден на фестивалот е резервиран за претставата „Карневалите на Корча“ во изведба на националниот театар на Косово. Репертоарот на 22 октомври го нуди делото „Вујко Вања“ на театарот „Вазраждане“ од Софија, а ден подоцна скопската публика ќе има прилика да ужива и во претставата „Осамениот Запад“ на театарот „У моста“ од Перм.

На 24 октомври на сцената ќе се претстави „Покет Театар Студио“ од Љубљана со претставата „Жените на Ибзен“, на 25 октомври е закажана претставата „Кири и Клодел“ на „Пулс Театар“ од Белград додека на 26 октомври и „Добра ноќ мајко“ на „Метропол Театар“ од Тирана. Последниот фестивалски ден ќе го одбележи „Театар Комедија“ со претставата „Жени пред нервен слом“.

Билети на претставите може да се набават на билетарницата на „Театар Комедија“ по цена од 150 денари за лица до 29 години и пензионери, билет за останатите е 300 денари.

Leave a Reply