Меѓународниот театарски фестивал (МТФ) СкупиФестивал е непрофитна организација, основана во просториите на Албански Театар – Скопје, во ноември 2007 година. Истата година се одржа првото издание на фестивалот под мотото “Play to be”. Од годината на неговот основање, фестивалот растеше во својата содржина и квалитет, и набрзо стана културен белег на градот Скопје.

МТФ СкупиФестивал се одржува секоја година во првата недела од ноември. Фестивалот се одржува на различни места во градот Скопје.

Фестивалот го управува одборот, каде што сите членови се и основачи на фестивалот

Фетсивалот нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот, театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фетсивалот се состои од претстави, каде што новите тенденции во театарот не се единствено уметничка цел, туку се одвиваат и заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања.

МТФ СкупиФестивал е поддржан од Министерството за култура на Р.М и градот Скопје

Leave a Reply