Во утописката мелодрама создаден е лик кој со хамлетова енергија се движи низ корумпираниот систем и наместо да размислува, тој делува. Во својот ирационален поход наоружен е со хипнотичка моќ на убедување, а неговиот метод е убивање. Крваво гази преку сè и секого кој ќе му се најде на патот, одејќи како носорог по својата патека на правдата, патот на слободата. Кој е тој? Херој? убиец? Обичен човек доведен до елементарна опструкција на здравиот разум? Дух со секира или виор на револуцијата кој ја кине главата на режимот…Можеби само идеја која многумина обесправени ја имаат денес.
Leave a Reply