ПОНЕДЕЛНИК, 21.10.2019

НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР НА КОСОВО Приштина, Косово

„КАРНЕВАЛИТЕ НА КОРЧА“

Тоа е комедија од 19-иот век, која укажува на природата на богатите луѓе и нивната тенденција да ги диригираат браковите на членовите на семејството.

Aвтор: Спиро Чомора

Режија: Алтин Баша

Сценографија/костими: Илириана Љоџа Баша

Музика: Тримор Доми

Улоги: Луан Јаха, Илире Винца, Едона Решитај, Ернест Маљазогу, Иљбер Барди, Бесарт Сламнику, Адем Карага, Мајлинда Косумович, Арта Сељими, Ермаљ Садику, Мухамет Зека, Ќендреса Кајтази, Мољика Маџуни

ВТОРНИК, 22.10.2019

ОКИ ТЕАТАР ВАЗРАЖДАНЕ Софија, Бугарија

„ВУЈКО ВАЊА“

Претставата на рускиот писател и драматург Антон Чехов со најголем број на изведби. Во своето дело, авторот го опишува животот на малите, безначајни луѓе во обичното општество.

„Вујко Вања“ ја открива приказаната за човекот кој се обидува да стане некој. Животот на „малиот“ човек само поминува, носејќи ги на грб сите потешкотии и неправди и ние тешко можеме да замислиме дека постојат такви луѓе. Хероите го прифатиле овој живот, полн со монотонија, сè додека не се појави убавата Елена Адреева, жената здосадена од самиот стар професор Серебриаков. Таа успева во совладувањето на околностите, со тоа што се свртува кон Др. Астов и заљубениот љубовник Вујко Вања, кој ја пропушти нејзината свадба пред многу години. Во заплетот доаѓа момент, во кој едноставно ескалираат чувствата и ја извртуваат неговата личност.

Aвтор: А.П.Чехов; режија: Роберт Јанакиев

Сценографија/костими: Григор Антонов

Улоги: Свејен Младенов, Роберт Јанакиев, Јана Рашева, Виторија Николова, Георги Златарев, Ивет Радулова, Гергана Кофарџиева, Бојан Младенов, Јордан Русин

СРЕДА, 23.10.2019

ТЕАТАР „У МОСТА“ Перм, Русија

„ОСАМЕНИОТ ЗАПАД“

Изведбата е номинирана за националната награда „Златна маска – 2008“. Во центарот на заплетот се наоѓаат невообичаени жители на ирското село. Претставите на МекДона – абсурдни, иронични и крвави – многу личат на  филмовите на Тарантино. Застрашувачките сцени се смешни и истовремено креативни. На прв поглед, потсмевливите приказни за малото ирско село не се совпаѓаат со сериозноста и деталниот психологизам на рускиот театар. Но овде, во Перм, претставата „Осамениот Запад“, каде што се случува убиство, две самоубиства и многу други работи, се чини соодветна, смешна, дури и болна.

 Aвтор: Мартин МекДона

Режија: Сергеј Федотов

Музика: Олесија Егорова

Улоги: Василиј Скиданов, Илиа Бабошин, Марија Новиченко, Владимир Илин

ЧЕТВРТОК, 24.10.2019

ПОКЕТ ТЕАТАР СТУДИО Љубљана, Словенија

„ЖЕНИТЕ НА ИБЗЕН“

Без Ибзен – позади сцената – е жена која не сака да се заглави, и во нејзината психа, создава лавиринт на нашите модерни денови. Просторот меѓу позади сцената и сцената, е дел од психологијата, општеството и времето. Гледаме жена која дознава зошто повторно и повторно е заглавена во истите критични ситуации со луѓето; во драматичниот текст на Ибзен, таа нема контрола над себе си; нејзиниот говор е одделен од самата себе (внатрешниот монолог) и, затоа, бара излез од старечкото, нефункционално постоење. За гледачите, таа создава огледало на нашето време: во сто години; што, по патот, ние луѓето изгубивме и повторно најдовме?

Aвтор: Мирел Кнез

Режија: Ник Упер

Музика: Кристијан Виднер Улоги: Мирел Кнез

ПЕТОК, 25.10.2019

ПУЛС ТЕАТАР БЕЛГРАД И ТЕРИРЕМ ПРОДУКЦИЈА – Белград, Србија

„КИРИ И КЛОДЕЛ“

Кири и Клодел  влегуваат во празнина пред Ѕидот да ја одиграат својата драма на непотребна игра. Во свет на кој одамна не му треба ниту познавање на човекот, ниту создавање на убавина или значење, се судираат два вечни принципи: вера наспроти сомневање, употребата на научените вистини наспроти револуција. Драмата го опишува процесот во кој од секој срушен мит произлегува нов мит, кој спречува натамошно трагање, но во исто време обезбедува значење и утеха. Во овој процес, до исполнување доведува само сочувството, поглед во другиот и подготвеноста,да во напорот за разбирање, се скроти сопствената природа.

Автор: Моња Ловиќ

Режисер: Иван Јовиќ

Сценографија: Невена Шурлан

Костуми: Соња Которчевиќ

Музика: Ана Чурќин

Улоги: Јелена Цвијетиќ, Анѓела Поповиќ, Ана Ќук, Маја Софронијевиќ, Марина Милошевиќ.

САБОТА, 26.10.2019

МЕТРОПОЛ ТЕАТАР Тирана, Албанија

„ДОБРА НОЌ, МАЈКО“

„Добра ноќ, мајко“ е претстава на Марша Норман, добитник на Пулицеровата награда за драма во 1983 година. Претставата се работи за ќерката, Џеси, и нејзината мајка, Телма. Почнува со тоа што Џеси смирено ѝ кажува на Мама дека до утрото ќе бида мртва, дека вечерта планира да се самоубие. Последователниот дијалог меѓу Џеси и Мама полека ги открива причините за нејзината одлука, за животот со Мама и како темелно ја планирала својата смрт, доведувајќи до вознемирувачка, но неизбежна кулминација.

Aвтор: Марша Норман

Режија: Ема Андреа

Сценографија/костими: Енио Шехи

Музика: Бојкен Љако

Улоги: Илире Винца, Егла Цено

НЕДЕЛА, 27.10.2019

ТЕАТАР КОМЕДИЈАСкопје, Македонија

„ЖЕНИ ПРЕД НЕРВЕН СЛОМ“

Педро Алмодовар е најуспешниот и светски признаен шпански режисер, автор и продуцент од својата генерација. Тој е режисер на експлозивен колорит, а боите се светлина. Неговите ликови поминуваат низ турбулентни прекрасни лавиринти, но на крајот секогаш ја пронаоѓаат светлината. Исто како и во животот. Реката на човештвото, без обѕир на мрачните канони и опасните меандри, се влева во океанот на љубовта. Затоа Алмодовар создава мелодрами што им се случуваат на ликови со впечатливи животни маски – глумици, проститутки, трансвестити, калуѓерки, хомосексуалци .

Сценариото за филмот на Алмодовар е адаптирано и за мјузикл, кој беше изведен на Бродвеј во Њујорк и на Вест енд во Лондон.

Aвтор: според филмот на Педро Алмодовар

Режија: Иван Лео Лемо

Сценографија: Весна Режиќ

Костимографија: Мирјана Загорец

Музика: Звонимир Дуспер-Дус

Улоги: Марина Поп Панкова, Жаклина Стевковска Дрнасин, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Александар Вељановски, Илија Илиоски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Дритон Вејсели, Тони Денковски, Ема Давчева

Leave a Reply